За ЦГК

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) е основан во април 2005 година како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани. Мисија на ЦГК е да ја развива и да ја подобрува комуникацијата помеѓу сите општествени фактори во Македонија и нивната информираност за процесите од пошироко значење. ЦГК ги мониторира, ги анализира и ги јакне општествените процеси во земјата и во регионот во делот на транспарентноста, антикорупцијата, доброто владеење, медиумите и економскиот развој. Во своето досегашно дејствување ЦГК ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности: (1) мониторинг на државните институции и врз основа на тоа, препорачување мерки и политики за унапредување на работењето и за намалување на просторот за корупција и (2) унапредување на истражувачките способности на новинарите и засилување на улогата на медиумите и на невладините организации во борбата против корупцијата.

Во оваа насока ЦГК досега има изработено и предложено неколку стотини конкретни препораки за преземање мерки за унапредување на регулативата и практиката во насока на потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење на централната и на локалната власт, има обучено повеќе од петстотини новинари од националните и од локалните медиуми и претставници на граѓански организации и има објавено стотина истражувања и прирачници.

Претставници на ЦГК редовно учествуваат на работилници и во експертски групи за креирање стратегии и мерки за борба против корупцијата и за други прашања од областите на делување на ЦГК.

Активностите на ЦГК се, пред сè, насочени кон вработените во државните институции и органи на централно и на локално ниво, кон новинарите, бизнисмените и нивните здруженија, кон претставниците на невладините организации, како и кон граѓаните на локално и на централно ниво, како крајни корисници на делувањето на организацијата.

replica watches

Дознајвте повеќе за работата на ЦГК на www.ccc.org.mk и www.opendata.mk